Ахмети: Заев лаже, сите знаат дека ме молеше и јас го направив премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, одново го подбра својот коалициски партнер во Владата, Зоран Заев, овој пат во Гостивар, каде што го обвини лидерот на СДСМ и експремиер дека лаже.

„Не ми личи мене да излезам и да зборувам за неговите слабости. Тоа не е машки, секако во текот на некое партнерство, комуникација, соработка за овие 20 години јас ги знам слабостите и доблестите на сите. Не е машки да се зборува. Тоа е затворено поглавје, завршена приказна. И тој лаже, сите знаат дека тој ме молеше мене и јас го направив премиер. Ова е вистината, целиот свет ја знае“, рече Ахмети.

„Јас не сум политичар којшто тоа што го зборува наутро не го кажува навечер. Тој и се предомислува, зошто го познавам, но не прави добро бидејќи така ги иритира Албанците, го стеснува просторот за партнерство. Јас сакам да победат, зошто сме ги почнале овие работи кои не се лоши, но со тоа што го прави тој го стеснува просторот за комуникација и за заедничко делување“, додаде шефот на интегративците.

SHARE