Академик Ќулафкова: Ја претворија Македонија во нестабилна структура

Академик Катица Ќулафкова открива кон што се движи Македонија со законските решенија за Албанскиот јазик како втор службен јазик.

Со новиот Закон за употреба на јазиците во нашата држава на голема врата се создаваат услови за позитивна јазична дискриминација. Ова денеска го истакна академик на дебата Катица Ќулавкова во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

“Македонија во овој момент е претворена во една лабава, нестабилна структура од јазични, верски, културни и други заедници.

Нестабилна зашто генерира постојано, особено со овој нов ЗУИ, мискомуникација, мисинтерпретација, оттуѓување на заедниците една од друга, со тенденција да се наметне одредена позитивна дискриминација.

Значи да се наметне јазикот на малцинството како јазик што ќе биде не само државно признат, албанскиот, турскиот и секој јазик секаде да имаат карактер на службен јазик во нашата држава.

Тоа не е спорно, така било со децении наназад. Се работи само за опсегот на таа службеност, на службениот карактер на еден јазик” вели еден од водечките македонски интелектуалци, Катица Ќулавкова.

SHARE

3 Коментари

  1. Г-ЃО КАТИЦЕ, ВЕ ЗНАМ УШТЕ ОД ДАЛЕЧНАТА 1973. ГОДИНА КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МЛАДИНА НА ВЕЛЕС. НО, НО СЕГА САКАМ ДА ВИ КАЖАМ ДЕКА ТАКВИТЕ ВО МАНУ/ВАНУ/ААНУ/БАНУ/САНУ/ СИТЕ СЕ ПРЕДАВНИЦИ НА СЕТО ОНА ШТО ЗНАЧЕШЕ МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКО, МАКЕДОНСКИ, КАКО ВО ЛИТЕРАТУРАТА, КУЛТУРАТА, УМЕТНОСТА, А СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРАВАТ ТАКВИ ГРОЗОМОРНИ РАБОТИ И ВО ИСТОРИЈАТА И ВО АРХИЕЛОГИЈАТА. НАШИОТ КОЧО РАЦИН ВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ НИКАКОВ ВЕЛИКАН НИТУ НА ВЕЛЕС НИТУ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!??

  2. Dosta e od objasnuvanja, ako bevte najpametni nemase niti na vas da vi se sluci toa sto nam ni se slucuva. So Enciklopedijata se pokaza kolku vredi vasiot trud, a parite ne gi vrativte.

Comments are closed.