Академик Ќулафкова со жестоко обвинување за Владата

Академик Катица Ќулафкова ја обвини владата на СДСМ и ДУИ и премиерот Заев за деградација на симболите на македонскиот идентитет и ентитет.

Таа смета дека со Законот за јазиците владата поддржала процес на распаѓање на најважните елементи на државноста и нацијата.

“Со ЗУЈ го деградиравте македонскиот јазик од државен и задолжителен за сите граѓани на РМ на факултативен, а последично поттикнавте јавна деградација на македонскиот народ, култура и држава. Антимакедонизмот ескалира секој ден се’ повеќе”, пишува Академик Ќулафкова.

Ќулафкова е еден неколкумината членови на МАНУ кои јавно се спротивставија на промената на името и Законот за јазиците но не добија поддршка од своите колеги во академијата која прифати промена на името на државата и на највисоката научна институција.

SHARE