Академик Ќулавкова откри нова понижувачка дефиниција за Македонците

Академик Катица Ќулавкова цитира дел од австриска анализа во која Македонците целосно го губат сопствениот идентитет.

“Македонците се опишуваат како “неалбанските граѓани во малата балканска држава”, пишува Ќулавкова посочувајќи на апсурдната ситуација во која е доведен македонскиот народ.

Запрашана каде е објавена ваквата понижувачка дефиниција академикот вели: “Парафразирам дел од текстот на Кица Колбе објавен во Плусинфо, во којшто таа наведува исказ на една виенска редакција”.

Писателката Кица Колбе која е дел од историската комисија со Грција беше поборник за Преспанакиот договор а сега кога увиде какви последици ќе има тој на Македонците бара борба за зачувување на идентитетот.

SHARE