Црна Гора, стравува дека проектот за изградба на автопатот кој треба да го поврзе пристаништето во Бар со Белград и финансиран од страна на Кина  може да се претвори во пропаст.

Проектот влијаеше на зголемување на долгот на земјата и може да биде опасено доколку Црна Гора е успее да ги усогласи сите елементи на договорот со кинеската Ексим банка, пишува „Фајненшл Тајмс“.

„Оваа кинеска инвестиција може да биде многу опасна за Црна Гора и никој за тоа не размислува “ вели Милка Тадиќ Мијовиќ, директор на подгоричкиот Центар за истражувачко новинарство, кој кој направи документарен филм за автопат.

Задолжувањето на државата од Кина за финансирање на трошоците на автопатот, кој се проценува на 1,3 милијарди евра, го зголеми  долгот на земјата од 63 отсто од бруто-домашниот производ во 2012 на 80 проценти.

Автопатот го гради кинеската корпорација за патишта и мостови, а 85 проценти од кредитот е финансиран од кинеската Ексим банка. Првата фаза од проектот од 41 км, со 20 мостови и 16 тунели низ груб планински терен, чинеше 20 милиони евра за километар.

Две физибилити студии спроведени од страна на меѓународни компании, кои биле на увид на  Financial Times, покажаа дека автопатот нема да има доволно сообраќај за да ги оправда трошоците.

Договорот за изградба бил склучен без отворен конкурс, а во него стои дека ако Црна Гора не може да го врати долгот во утврдениот рок, Ексим Банка ќе има право на дел од нејзината територија., пишува б92.

SHARE