Владата им дава шанса на фирмите до утре да им ги исплатат на своите вработени парите земени од државната како поддршка за време на корона кризата.

Така, околу 160 работодавачи од вкупно 551 кои ја затаија државната помош и не ги исплатија парите на работниците ќе се спасат од кривична одговорност.

Ова е спротивно на изјавата на директорката на УЈП Сања Лукаревска дадена за една локална телевизија, дека одговорност ќе има за сите кој се нашле на првично објавената листа,

Генералниот секретаријат реши да им остави простор на газдите до утре да избегнат кривична одговорност.

„Во понеделник ќе ја доставиме листата до Основното јавно обвинителство за фирмите кои според ажурираниот список на УЈП до утре нема да исплатат плата на вработените, а на кој им била исплатена финансиска помош. За оние кој извршија исплата во претходните денови нема да се бара кривична одговорност“, рече Драги Рашковски, Генерален секретар на Владата.

SHARE