Ако добијат 100.000 денари плата, лекарите ќе гласаат за СДСМ!?


Синдикатот на Клинички центар јавно соопшти дека ќе влијае на своето членство да гласа за СДСМ ако ги добијат ветените покачувања на платите, односно 100.000 денари плати на лекарите и двојно ако им ги зголемат платите на останатиот медицински кадар. 

Во спротивно, од Синдикатот се заканија дека доколку, во најкус временски рок не се преземат конкретни активности за реализација на ветенето покачување на платите, Синдикатот на почетокот на наредниот месец ќе го консултира своето членство за преземање радикални чекори за остварување на оваа програмска определба, која Синдикатот на Клинички центар уште на почетокот во целост ја поддржал. 

Извор: ТВ24

SHARE