Тригодишно истражување на МАНУ покажува дека дури 90 отсто од загадувањето го прават домаќинствата.

Уделот на автомобилите и транспортот бил само 10 отсто.

Граѓани реагираат и иронично прашуваат дали, доколку ова е навистина така, домаќинствата ќе добијат еколошки налепници, наместо автомобилите кои не загадувале?

Со истражувањето, сепак, не ило опфатено загадувањето од индустрискиот сектор, на што инсистираат граѓаните и невладините организации.

За влијанието на отровните гасови од фабричните оџаци, допрва ќе се прави студија.

Истражувачи од МАНУ предлагаат пакет мерки со кои загадувањето на воздухот драстично би се намалило – до 2025 година.

Ванковска: А жолти ѕвезди ќе ни дадат… ова е дискриминација