Ако ЕУ не даде датум за преговори, Заев ќе поднесе оставка

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе поднесе оставка доколку земјите членки на ЕУ не преземат одговорност да дадат датум за преговори.

 „Кажав дека ако го смениме името, ако одржуваме добри односи со Грција, со Бугарија, дека ако се прават сите реформи, Европа ќе си ги исполни ветувањата.

Ако тоа не биде случај, нормално е да се преземе одговорност, нема да чекам опозицијата или Собранието да направи нешто, ќе преземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат, вели Заев во интервјуто за белгискиот весник „Ле Соар“.

Тој предупредува дека во контекст на неиспорачување од европска страна, граѓаните би можеле да се свртат кон националистичките струи во земјата, пренесува НОВА ТВ.

На прашање зошто Европската Унија би требала да се грижи за тоа и дека би можела да и одговори на Македонија дека е тоа нејзин внатрешен проблем, премиерот Зоран Заев вели дека ЕУ и Северна Македонија се поврзани како на лично така и на економско ниво и дека станува збор за заеднички интерес.

SHARE