Ако ФФМ не се договори со Ангеловски, нов селектор ќе биде Милевски?

Фудбалската федерација на Македонија прво ќе разговара со Игор Ангеловски за нов договор, а ако со сегашниот селектор не биде постигната согласност, нов најверојатно ќе биде Благоја Милевски.

„Прво ќе разговараме со Ангеловски, а потоа ќе одиме со други варијанти. Се појави шпекулација и со Просинечки, ама сакам јавноста да знае дека прво ќе разговараме со Ангеловски. Ако не се согласиме, мислам дека цела јавност знае кој ќе биде селектор, ако не се договориме со Ангеловски“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, за Алсат-М, индиректно отворајќи можност за селекторот на репрезентацијата до 21 година.

На Ангеловски, кој ја одведе Македонија на прво сениорско Европско првенство, договорот му истекува утре.

Милевски, пак, кој со младата селекција во 2017 година првпат избори учество на големо натпреварување, ЕП во Полска, вчера јавно ја потврди својата амбиција да го води А-тимот на еврошампионатот во јуни 2021 година.

SHARE