Ако има „Северна“ ќе има и гасовод Солун-Скопје!?

Грција и Македонија работат на идеја за  изградба на нов гасовод помеѓу Солун и Скопје, изјавил министерот за животна средина и енергија, Јоргос Статакис, на Енергетскиот форум за Југоисточна Европа во петокот, на маргините на Меѓународниот саем што денска почна во Солун, пренесува АНА-МПА.

Стaтакис изразил надеж дека „сè ќе оди добро“ со договорот за името потпишан од двете земји во јуни, односно дека земјаата одржува референдум за ова прашање на 30 септември, потсетува атинската агенција.

„Се надеваме дека сé ќе биде добро со договорот Грција-пЈРМ, дека ќе можеме да ја нарекуваме земјата Северна Македонија една година од сега. Дел од ова подобрување на односите и решавање на овој стар проблем ќе влијае на изградбата (на гасоводот-н.з.) Ние работиме на идејата за нов гасовод за природен гас кој ќе ги поврзува Грција и пЈРМ (…), Солун и Скопје, (…) да ги надградуваме нашите односи и понудата на енергија за двете земји и регионот , рекол Стaтакис, како што пренесува АНА-МПА.