Ако Јанева потпишала “олеснување на постапката” Рекет 1 е расчистен

Потпишувала ли специјалната обвинителка Јанева решенија со кои се олеснувала постапката за обвинети или осомничени во процеси на СЈО.

Ако е одговорот позитивен како што навестува обвинителката Русковска тогаш за многумина упатени случајот Рекет во кој сега се обвинети само Боки 13 и Зоран Кичеец е де факто затворен, и одговорност ќе мора да сноси уште најмалку едно лице.

“Дали Катица потпишувала решенија и одлуки со кои е олеснета постапката за Камчев ? ДА финито, случајот Рекет 1 е завршен, одиме на Рекет 2”, прашува секогаш добро информираниот профил @Апсаана а профилот @трпеф одговара:

“Без “олеснување на постапката” нема пари, нема дело, нема рекет, појасно и попластично здравје, која била улогата на Катица Јанева #Каки во случајот Рекет. #Боки и #Кически пак се само посредници меѓу Катица и Камчев”.

SHARE