Ако “Macedonian” во пасошите е државјанство, што значи “Albanian”?

Во јавноста се појави дилемата како ќе се толкува зборот “Albanian” во пасошите ако “Macedonian” во графата за “nationality” не значи етничка припадност туку државјанство.

На барање на БЕСА Владата прифати во пасошите за “nationality” да стои и “Albanian” за припадниците на албанската заедница во земјава.

Ако владата стои на својот став дека “Macedonian” државјанство тогаш излегува дека Албанците во Македонија имаат албанско државјанство затоа што Македонија и Албанија се уште се различни држави.

“Ако тоа “Macedonian” во пасошите не означува етничка определба, туку државјанство, тогаш што означува “Albanian” кај Албанците (согласно прифатените барања на Беса)? Дека се државјани на Албанија?
Визионерски нешто изгледа….”, логично прашува еден корисник на социјалната мрежа Твитер.

SHARE

Оставете коментар