Ако Македонија стане европски првак за 1 вложено евро би добиле фантастична сума

Македонија е земјата чија репрезентација според кладилниците има убедливо најмала шанса да победи на Европското првенство што во јуни и јули ќе се игра во повеќе европски градови.

Дел од “Букмејкерите” на островот на Македонија за едно вложено евро и даваат меѓу 750 и 1500 евра ако стане европски шампион.

Тоа значи дека за вложени 100 евра добивката би изнесувала фантастични 75 до 150 илјади евра иако и помислата дека Македонија може да победи е фантастична.

Пред нас на некои кладилници е Шкотска со 250 евра или Финска со слични суми за вложено едно евро.

Предноста на Македонија е што на првенството оди растоварена од резултатски притисок затоа што самиот пласман на ЕП е историски успех.

SHARE