Сопственик на една од најголемите српски туристички агенции се заканил дека тој и вработените во агенцијата, како и негови колеги и многу клиенти кои купиле аранжмани за летување во Грција, веќе од денес ќе почнат штрајк со глад и ќе ја блокираат грчката амбасада.

Причина е веста дека Грција и по 15 септември ќе остане „заклучена“ за српските граѓани предизвика гнев меѓу туристите и сопствениците на туристички агенции, јавуваат српски медиуми.

Директорот на туристичкото здружение Јута, Александар Сеничиќ, за РТС изјави дека околу 100 милиони евра на српски граѓани се заробени преку туристичките агенции во Грција и други дестинации, меѓу кои Шпанија и Италија.

SHARE