Киев бара да се спроведе меѓународна истрага за трагедијата на 8 ми јануари во која загинаа 176 луѓе кои беа во украински „боинг“, откако досега не биле откриени причините за трагедијата, изјави министерот за надворешни работи на Украина, Вадим Прстајко.

Според Прстајко, Украина „нема причина да каже дека иранските власти не сакаат да работат со Украина“ во истрагата за причината за падот на авионот, откако украинските власти добиле пристап до црните кутии.

Американски, канадски и британски официјални лица изјавија дека е голема веројатноста авионот да бил соборен, евентуално по грешка, од иранска ракета, а „Њујорк Тајмс“ дури сподели и снимка како ракета наводно го погодува авионот.

Украинскиот министер рече дека доколку се докаже дека Иран го урнал авионот, Украина ќе бара казнување на одговорните и обештетување од Иран.

SHARE