Поранешниот министер за одбрана, Панос Каменос, во гостување на ТВ, рече  дека Грција би можела да ја освои малата земја (Македонија-н.з.) за 20 минути.

„Ние не чувствуваме закана. Скопје е 20-минутна работа. Доколку војниците на тенкови одлучат да ја преминат границата, ќе стигнат до другата страна на Скопје. Ќе дојдат до Србија“, изјави тој за грчкиот телевизиски канал ТРТ.

Каменос, инаку голем противник на Преспанскиот договор, рече дека бил „измамен“ од премиерот Алексис Ципрас, кој требало да го донесе договорот за името во грчкиот парламент по месец  март.

SHARE

Оставете коментар