Лидерот на СДСМ денеска со контрастав по вчерашната изјава на потпретседателот Мухамед Зекири за ТВ 21 дека не сака коалиција со ДУИ бидејќи таа партија била наголемото зло за Албанците.

„Мухамед Зекири не првпат кажува дека не сака коалиција со ДУИ, но во СДСМ има луѓе кои сакаат. Исто и во ДУИ има што не сакаат да коалицираат со СДСМ.

Најсатирично е што на крајот граѓаните кажуваат со кого ќе коалицираме на изборите. Затоа велам бројките се неприкосновени, тие ќе ја одредат идната коалиција“ рече Заев.

Премиерот повтори дека коалицијата со ДУИ е стабилна. Дека несогласувањата се решаваат и дека станува збор за демократија во партијата каде секој може да си го каже ставот.