Активистот што му се закани на Героски бил член на Избирачки Одбор од СДСМ

Борче Гиновски кој вчера преку социјалните мрежи му се заканувал на уредникот на “Плус  – инфо” Бранко Героски на последните претседателски избори формално ја претставувал владеачката партија.

Гиноски по предлог на СДСМ бил член на избирачки одбор (ИО) во општината Ѓорче Петров на избирачко место 2581 потврдија од државната изборна комисија  за Алфа.

Откако Гиноски вчера на Фејсбук му испратил заканувачка порака на Героски за серија текстови за наводна изнуда  и рекет тој денеска беше во штабот на СДСМ.

Во партијата на Героски му рекле дека Гиноски не е дел од партиското обезбедување но не откриле дека е член на ИО од СДСМ.