Албанците добија двојазичност и во Словенија! (ФОТО)

Покрај во Македонија, албанскиот јазик почна да се користи паралелно со јазикот на мнозинството и во Словенија, за што потврда дојде од Словенска Бистрица.

На тамошниот Здравствен дом осамна соопштение на словенечки и на албански за зголемениот број случаи на заболени од морбили.

Во општината има значајна концентрација на Албанци, па оттаму и двојазичниот натпис.

Поради напливот на Албанци главно од Македонија и од Косово во Крањ, Велење, Изола и во други словенечки градови, се бараат медицински сестри и учители што зборуваат и албански.

Според локални медиуми, повеќето мажи се само пријавени таму, а работат во Австрија и во Италија, додека жените и децата им живеат во Словенија поради поевтините станарини, поголемата социјална помош и други бенефиции.

SHARE