На Јутјуб денеска се појави нова аудио-бомба на која се слуша гласот на екс-премиерот Зоран Заев во разговор со непознато лице.

Во разговорот непознатиот глас ги нарекува Албанците со погрдно име и на Заев му вели дека тие му ја пишуваат фактурата.

„Пет банки не вредат тие на пазарот на гласови“, одговара Заев според кој албанските партии „немаат роба позади себе” за да пишуваат фактури.

Непознатиот глас му вели на Заев дека со 1.000 луѓе Албанците ќе ни ја земат државата, а Заев  возвраќа дека тие се борат „само за парички”. (Плусинфо)

SHARE