„Членството во НАТО и во ЕУ за албанските/косовските политички елити всушност претставува единствен можен, а со тоа и логичен, пат за остварување на сопствените историски цели – обединување на националните територии.

Од друга страна, големите сили ваквите тенденции ги препознаа како најдобар инструмент за остварување на сопствените геополитички цели“ пишува „Нова Македонија“ во написот насловен „Обелоденета стратегијата за обединување на Албанците до 2025-та“.

Според написот „иако некои ова го квалификуваат како романтизам или анахроност, практиката од последните години вели спротивното – дека  албанската политика уште сега е најголемиот добитник на југоистокот на Европа, токму благодарение на своето стратегиски осмислено, внимателно, упорно и конзистентно дејствување.

Со кое се менува геополитичката реалност на регионот.
Националната кохезија во насока на „создавање природна Албанија“ веќе низа години ја поткрепуваат, поттикнуваат и соодветно поддржуваат некои од светските големи играчи.

Албанскиот корпус во регионот се покажува како единствен сигурен сојузник на САД, за кој „Вашингтон може со сигурност да знае дека никогаш нема да го издаде и кој, по три децении балкански пресметки, очигледно прераснува во сила што со своето засилено влијание може да го гарантира новиот мировен поредок на Балканот“.

(…)проектот за „интегрално решавање на албанското прашање“, зад кој стојат сите досегашни постстуденовоени администрации на САД и Велика Британија, станува геостратегиски многу важен.

Проектот на обединување срамежливо но сигурно функционира, со тоа што границите меѓу Косово и Албанија како веќе да не постојат…

SHARE

3 Коментари

  1. Кога Македонија ќе влезе во ЕУ исто ќе се случи и со границите на Македонија со Грција и Бугарија. Тие ќе престанат да постојат, па и Македонците ќе се обединат.

Comments are closed.