Албанија бара и Косово да влезе во балканскиот „мини шенген“ или…


Шефот на албанската дипломатија предупреди дека Албанија ќе се повлече од балканскиот „мини шенген“ доколку Приштина не биде вклучена во таа иницијатива.

„Премиерот Рама имаше суштински услов, кој не е предмет на преговарање, а тоа е дека ако Косово биде исклучено од таа соработка, Албанија веднаш ќе се повлече“, рече министерот Гент Цакај во интервју за КТВ.

Тој, како што пренесува Б92, истакнал дека „Косово е црвената линија за Албанија во односите со Западен Балкан“ и дека принципот на Албанија е дека „во никој случај не треба да се донесуваат одлуки за олеснувања без вклучување на Косово“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Македонија  и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, на трилатералниот состанок пред десетина дена во Нови Сад, изле4гоа со иницијатива за воведување мини Шенген помеѓу земјите од Западен Балкан, кои, очигледно уште долго ќе останат пред вратите на Европската унија.

SHARE