Албанија да објасни зошто прогласи 52 Грци за непожелни!

Грчкото Министерство за надворешни работи доцна синоќа ја повика официјална Тирана да објасни зошто го одбила влезот на 52 грчки граѓани прогласени за „persona non grata“.

„Очекуваме од Албанија да се воздржи од изјави и дејства кои ја нарушуваат состојбата на нашите односи… Грција останува посветена на градење на договори за доверба, но истото го очекуваме од нашите соседи”, се вели во соопштението на грчкото МНР.

Албанија објави дека 52 грчки државјани кои се појавија на погребот на Константинос Кацифас, кој загина во престрелка со албанска полиција се сметаат за “personae non gratae“ и нема да им биде дозволено да влезат во земјата повторно.Тие, според албанското МНР учествувале во организирани дејства против Албанија и давале  јавни изјави против уставниот поредок, националната безбедност и јавниот ред.

Загинувањето на етничкиот Грк  Константинос Кацифас и неговиот погреб, предизвика затегнување на односите меѓу двете земји.

Еди Рама: „Секоја земја има несреќа да има свои свињи и магариња“