Албанија протера ирански дипломати од Тирана

Албанија ги прогласи за непожелни дипломатите на Иран во Тирана, соопшти в.д. министерот за надворешни работи, Гент Чакај.
„Министерството за европски и надворешни работи денес донесе одлука дипломатските претставници на амбасадата на Исламската Република Иран во Албанија, Мохамед Али Арз и Сеид Ахмад Хосеини, да бидат прогласени за непожелни поради активности што не се компатибилни со нивниот статус и принципите на Виенската конвенција за дипломатски односи“, напиша Чакај на Фејсбук.

SHARE