Албанија и Косово со заедничка кошаркарска лига

Албанија и Косово ќе имаат единствена заедничка лига во кошарка. Договорот го потпишаа министрите на обете земји во четвртокот (10-ти септември).

Присутен на потпишувањето на договорот беше премиерот Рама, кој рече дека ова е пример за соработка што треба да се повтори во други области, пренесува порталот Exit.al.

„Jа поздравуваме оваа и другите иницијативи со цел да создадеме конкретна координација за организирање на единствена лига, но не само во однос на спортот, туку и во други насоки“, рече Рама во својот поздравен говор.

Тој рече дека овој договор е постигнат по подолг временски период:

„Секако, беше потребен период на зрелост за да се материјализираат овие идеи, желби кои постојат долго време. Долго ја имав оваа желба… “ рече Рама.

SHARE