Албанија по грешка ги објавила своите разузнавачи, имала и во Македонија

Членката на НАТО Албанија случајно на интернет објавила тајни податоци за своите најдобри разузнавачи.

Поради грешка на министерството за финансии сега јавноста ги знае имињата на агентите, возилата што ги возат, региатерски таблички, броеви на лични карти и пасоши, оперативни функции, патувања и други детали.

Овој инцидент кој се случил на 8 декември предизвикал паника и во НАТО затоа што податоците се дел и од системите на НАТО, пишува весникот Индепендент.

Податоците се објавени на сајтот на министерството за финансии во рамки на извештај за албанската разузнавачка служба ШИШ.

Според објавените податоци двајца албански агенти работат во седиштето на НАТО.

Веднаш по откривањето на информациите кои се објавени во извештај за плати најголем број од разузнавачите се повлечени.

Според извештајот Албанија имала свои разузнавачи во десетина земји меѓу кои и Македонија.

https://www.independent.co.uk/news/world/europe/albania-intelligence-data-posted-online-nato-defence-military-finance-security-a8672446.html

SHARE