Албанија примила 4.000 муџахедини !

Податоци на албансиот институт за статистика ИНСТАТ покажуваат дека во Албанија има 4.000 муџахедини од Иран.

Во извештајот на ИНСТАТ се наведува дека во рок од 2 години, дозвола за престој во земјата добиле 4.158 лица од кои 4.000 муџахедини а останатите се дипломати или баратели на азил.

Првата група муџахедини пристигнала од бегалски кампови од Ирак во Албанија во 2013 година., според договор меѓу албанските власти и САД со кој беше предвидено Албанија да прими 3.000 муџахедини, но нивниот број очигледно е поголем.

Муџахедините се сместени во камп во близина на Драч исе затворена група која ги негува своите традиции, пренесува тиранската Репорт Тв.

Ова не е прв случај Албанија на барање на СА да прими лица кои порано се сметале за терористи.

Во 2006 година Албанија се согласи да прими 5 припадници на муслиманската заедница Ујгури од Кина кои беа заробени од американската армија и држени како осомничени исламисти во базата Гвантанамо, пренесува МИА.