Албанка од Македонија доби 18 години затвор во Швајцарија за обид за убиство

Арда Б., 35-годишна Албанка од Македонија, е осудена на 18 години затвор во Швајцарија за обид за убиство на 14-годишно момче, за потоа да го набеди својот свекор!

„Нејзиниот план бил ѓаволски, груб, нечовечен и суров“, рече судијата при изрекувањето на пресудата.

Окружниот суд во Цирих немаше ни најмал сомнеж дека Арда е движечката сила на злосторот, заклучувајќи дека таа била љубоморна на добриот однос на нејзиниот сопруг со неговите родители.

„И таа се наполни со омраза и реши дека свекорот треба да го снема“, констатира судијата, додавајќи дека Арда му платила авионски билет на својот ментално нестабилен брат Блерим Ф. (32) за да дојде во Швајцарија и да ѝ помогне во убиството.

Двајцата дошле до вратата на станот на свекорот во Цирих, но тој не бил дома. Потоа Арда отишла во соседниот стан, каде што му нанела 15 убоди со нож на Џоел А., тогаш 14-годишен. Случајната жртва добила рани загрозувачки по животот, па вистинско чудо е што преживеал.

„Тој сега мора да живее со ‘душевни рани’“, беше кажано од Судот, а нанесувачката на телесните рече: „Имав чувство дека ножот е заглавен во мојата рака“!

Потоа Арда се обидела да ја фрли вината врз нејзиниот сопруг, испраќајќи анонимни писма до полицијата во кои го обвинувала за грозниот чин.

Нејзиниот брат Блерим Ф. е прогласен за виновен за помагање во обид за убиство и Судот го осуди на 4,5 години затвор.