Албанската Мис Универзум со другари натепала сооученик (ФОТО+ВИДЕО)

Преубавата Мис Универзум Трејси Сејдини која во јуни е избрана за најубава Албанка деновиве се соочува со губење на титулата откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како таа учествува во насилство.

Во видеото се гледа како во нејзиниот роден град Елбасан таа во придружба на неколку свои другари и другарки физички напаѓаат еден свој сооученик со кого предходно разговараат.

Нападниот соученик кого и Сејдини го удира со раце и со нозе успева да избега од напаѓачите и минал со полесни повреди но сега убавицата е на удар на албанската јавност која бара да и се одземе титулата.

Откако натепаниот сооченик бега се слуша како Сејдини и напаѓачите се смеат на негова сметка.

Според правилата на Мис Универзум победничките не смеат да се дел од било какво вербално или физичко насилство а не пак директно да бидат напаѓачи.

Ако ги прекршат правилата или ако излажале за своето минато тогаш титулата може да им биде одземена.

Видеото од тепачката на следниот твит

Сејдини сега и се извинува на албанската јавност и се правда дека во времето на тепачката имала 13 години и живеела во средина каде доминирало насилството.

Видео од нејзиното извинување

SHARE