Албанската опозиција ги враќа пратеничките мандати

dАлбанската опозициска партија на Љуљзим Баша предложил на членовите на парламентарната група да се откажат од мандатитебидејхќи, според него, албанскиот парламент е во рацете на криминалот.

Предлогот на лидерот на албанската Демократска партија доаѓа еден ден по жестоките антивладини протести во Тирана и судири со полицијата.

„Одлучив да и предложам на парламентарната група и на највисоките партиски форуми да се откажеме од пратеничките мандати, за поддршка на целта и аспирацијата што вие вчера видовте дека е национална, европска и незапирлива: Одбрана на демократијата и владеењето на правото.Албанија,како и цела Европа. Преодна Влада и слободни и фер избори. Парламент на народот а не на криминалот“,изјави Баша.

Најавата за напуштање на мандатите Баша ја соопшти по средбата со лидерката на Социјалистичкото движење за интеграција, трета по големина партија во Албанија,Моника Круемади,која на Фејсбук потврд дека одлуката за откажување од пратеничките мандати е заедничка.

Во 140-члениот албански парламент, 74 пратеници имаат владеачките социјалисти со коалициските партнери, додека 66 отпаѓаат на опозицјата: 43 Демократската партија, 19 Социјалистичкото движење за интеграција,три Партијата за правда и единство (партија на Чамите) и Социјал демократската партија еден пратеник.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.