Поранешен припадник на албанската специјална армиска единица „Командоси”, Ерзен Ука, кој бил уапсен вчера под обвинение за тероризам, денеска изјави дека „не го признава албанскиот суд” и оти „го почитува само Алах”.

Ука одбил да стане кога судијата ја читаше одлуката за негов притвор, и на судијата и обвинителот им порача дека „ќе положат сметка кога ќе излезе од затвор.

Ука, кој служел во Ирак и Авганистан во 2011 година, по двегодишно следење беше уапсен за „радикални тенденции” и поттикнување омраза со цел извршување терористички акции, како и за обука на деца за учество во Исламска држава.

SHARE