Албанскиот влегува и во скопската Зоолошка градина

„На постојните табли имињата на животните се напишани на македонски, на англиски и на албански јазик. На нив нема место за дополнителен текст. Инаку, нарачавме нови информативни табли, кои се однесуваат на заштитата на животните, а треба да стигнат следниот период. Текстот на нив ќе биде испишан на македонски и на албански јазик“ вели за „Нова Македонија“ директорот на скопската Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски.

Запоставувањето на албанскиот јазик ги иритирало посетителите Албанци, кои ја посетуваат зоолошката градина во Скопје, вклучувајќи ги и оние од Косово и од Албанија, пишува весникот.

За посетителите не било доволно што го пишува само името на животното на албански јазик – објавија некои од медиумите на албански јазик, кои бараат да има детален опис на животните и на – албански.