Речиси 10 години предава македонски јазик и литература во 15 битолски училишта, во 6 средни, 9 основни, но, никогаш како редовен наставник или професор и покрај тоа што има две факултетски дипломи.

За неговата десетгодишна „одисеја“ низ битолските школи има 2,5 години признат работен стаж како професор на „одредено време“ и илјадници часови волонтерски ангажман.

На пократок или на подолг временски период заменувал колеги отсутни од оправдани причини и вели дека тоа го правел и го прави со огромно задоволство и посебна чест и љубов кон оние на кои им предавал.

Земањето на училишниот дневник в рака и влегување во училница со насмевка на лицето, односно со самото застанување пред учениците, ја доживува како најрадосна, најблагородна и посебна наставничката професија.
„Знаете, тоа ретко чувство не се учи, ами се доживува со голема љубов, силна волја и полн ентузијазам. Барем јас така се чувствувам во мојата многу ценета професија цели 9,5 години по основните и средните училишта во Битола. Секогаш и секаде со пријатни доживувања и одлични впечатоци!

Александар Николовски кој и сега е без работа вели дека
„напуштањето на една училишна средина не е едноставна разделба, таа допира, особено кога ќе се сетиш на сите моменти и доживувања поминати со децата…“

Извор: Факултети.мк

SHARE