По оставката на Павле Богоевски, кој се повлекува од парламентот по објавувањето на снимката каде набавува недозволена супстанца, на неговото пратеничко место доаѓа Александар Филиповски.

Пратеникот Богоевски денеска поднесе оставка, но потенцираше дека таа ќе биде активирана само доколку му биде одземен пратеничкиот мандат на екс-премиерот Никола Груевски кој 6 месеци неоправдано отсуствува од Парламентот.

Богоевски беше на петтото место на пратеничката листа на СДСМ на парламентарните избори на крајот на 2016 година во првата скопска изборна единица, која ја предводеше новоизбраниот претседател на државата Стево Пендаровски.

Со оглед дека сите кандидати од оваа листа се или пратеници или веќе вршат функции во извршната и локалната власт, нов пратеник во рамки на парламентарното мнозинство треба да стане Филиповски, кој го заземаше 17-тото место во листата пишува Фокус

SHARE