Александар Маленко: Терајте политички закани и „селски финти“

Пливачкиот ас Александар Маленко, кој е во битка да ја задржи позицијата претседател на Пливачката федерација на Македонија, од Шпанија им порача на неговите противници да продолжат со заканите преку политички фактори кон него.

„Благодарност до 30 медитерански пливачки федерации, кои ми ја дадоа довербата да бидам претседател на КОМЕН Технички комитет за ‘Опен вотер’ (Отворено пливање) во периодот од октомври 2018 до 2022 година.
А Вие домашни ‘експерти’ терајте измама, политички закани и останати ‘селски’ финти… Не ви проаѓа, ама ич!“, пишува Маленко.

Во февруари членовите на Иницијативниот одбор за промени во пливањето самостојно организираа собрание на кое го изгласаа Дарко Нашков за нов претседател на ПФМ.

Нашков има амин и од Агенција за млади и спорт и од други политички фактори.

Со тоа, пливањето во Македонија доби две федерации.