Али Ахмети не отстапува од премиер -Албанец

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не отстапува од ставот дека е сега дојдено време за премиер Албанец, дека ДУИ ќе биде клучниот фактор за формирање на идната влада и дека предложениот Насер Зибери е вистинскиот избор:

„(тој е)…поборник за сите прашања што се однесуваат на државата, нејзиниот интегритет, суверенитет и иднина – сите овие доблести ги поседува нашиот кандидат за премиер Албанец и, која е причината, каде е пречката оваа земја да не се води од еден премиер Албанец?! – прашува Ахмети во интрервју за Радио Слободна Европа и додава:

„Зошто да не инсистираме?! Значи, јас очекувам одговор од тие што велат: Зошто ние бараме премиер Албанец и сум љубопитен да ги слушнам причините на останатите што се против оваа идеја и со задоволство и нетрпение очекувам да се произнесат за причините дадени од нивна страна“.

Во интервјуто Али Ахмети одговара на албански.