Али Ахмети: Време е Албанец да ја предводи Македонија

Ние, Албанците сме еднакви граѓани на Северна Македонија и придонесуваме многу. Сега е историски момент за да ја предводиме земјата. Време е за еден премиер Албанец“, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за „Ди пресе“.

Ахмети е убеден дека тоа ќе се случи доколку нивната идеја биде поддржана од граѓаните,а тогаш и македонските партии ќе мора да прифатат премиер Албанец:

„Разочарувачки е да ја видиш тоталната паника на македонските партии. Не треба да биде вака особено со социјалдемократите. Нашата земја нема потреба од хегемонистички политики. Јас очекувам моите македонски колеги да ја поздрават и да ја прифатат ова идеја. Ние треба заедно да ги воспоставиме европските вредности“, вели Ахмети.

На прашањето со која од македонските партии ќе коалицираат и која ќе ја прифати оваа идеја, Ахмети со став дека тоа ќе се одлучи на 15 јули, но потсетува дека 70 до 80 % од Албанците и другите помали заедници ја поддржуваат идејата за премиер Албанец и како што вели, на 16 јули, ден по изборите, заедно ќе отворат ново поглавје.

SHARE