Изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, дека Гоце Делчев во некои прилики ставал кече на главата, изненади дел од Албанците историчари, објави „Лајм“, а пренесе А1он.

„Тоа нема никаква смисла. Не знам зошто е дадена таква изјава и дали некој претходно изјавил такво нешто. Со полна одговорност велам дека тоа не е точно. Јас се занимавам со проучување на тој период од историјата и гарантирам дека не постои документ во кој се вели дека Гоце Делчев носел кече. Тој дури и не дејствувал во делот од Македонија каде живеат Албанци“ – изјави за „Лајм“ професорот Неби Дервиши.

И на историчарот Решат Неџипи не му е познато дека постои историски документ во кој се вели дека Делчев носел кече, а такво нешто не чул од никој друг, освен од Ахмети.

Професорите реагираат на изјавите на лидерот на ДУИ, кои завчера од митинг на Камениот Мост рече дека Гоце Делчев во определени прилики кога се среќавал со Албанци во Скопје, Битола и Прилеп, ставал кече на главата, објави Либертас.

SHARE