Алиоски го крена пехарот во Чемпионшип, наесен со Лидс во Премиер лигата (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски го крена шампионскиот пехар во англиската Чемпионшип дивизија, откако со Лидс го декласираа Чарлтон со 4:0 на својот „Иланд роуд“ во последното коло.

Алиоски беше стартер во тимот на Марсело Биелса, за кој сезонава во втората англиска лига одигра 39 натпревари и постигна пет гола.

Лидс во голем стил го заврши натпреварувањето како првак со 93 бода, десет повеќе од Вест Бромвич Албион, со кој се враќаат во Премиер лигата.

Популарниот Џани ќе биде шестиот македонски фудбалер во елитната англиска конкуренција по Гоце Седлоски (Шефилд венздеј), Ѓорѓи Христов (Барнсли), Артим Шакири (ВБА), Горан Попов (ВБА) и Дени Илиев (Арсенал).

SHARE