Македонскиот репрезентативец и играч на енглискиот тим Лидс Езѓан Алиоски се врати во Прилепската чаршија откако предходно по вербален инцидент во кој му било кажано дека седи на резервирана маса, го напуштил ресторанот.
Во сторијата што ја подготви ТВ Клан Македонија Алиоски зборива дека бил непријатно изненаден што инцидентот воопшто се случил но и што се случил пред неговите родители.
Како гест на добра волја и во знак на помирување Алиоски на келнерот што му рекол дека масата е резервирана му однесе дрес на Лидс кој го примил таткото на момчето кое што го предизвикало инцидент, инаку менаџер на кафулето.
При враќањето во центарот на Прилеп Алиоски бил замолен од десетици луѓе да направат „селфи“ со него што фудбалскиот интернационалец со задоволство прифатил.
https://www.facebook.com/KlanMacedonia/videos/314835222740267/