„Една кандидатка за членство во Европска унија си го присвои јазикот и голем дел од историјата на еден сосед што е во целосна спротивност на европските демократски норми. Кандидатот се вика Македонија или Северна Македонија ако се придружи на ЕУ. Предметниот јазик е бугарски, за кој македонскиот е локален дијалект, а историјата е стандардната бугарска историја до создавање на Југославија во 1945 година.

 Она што го гледаме не е ништо друго освен отворено фалсификување на историјата на една членка на ЕУ и присвојувањето на нејзиниот јазик“ пишува Алекс Алексиев, претседател на Центарот за балкански и Црноморски истражувања во напис насловен „Измислена нација бара непостоечки јазик“.

Алексиев вели дека според некои доколку Бугарија ги затвори очите „Македонија ќе се приклучи кон Унијата, а таа на некој начин ќе ја цивилизира оваа бедна балканска провинција“

Според други, вели експертот, нештата ќе се средат доколку Бугарија „не обрнува внимание на фалсификати и навредите и прави сé што е можно за економска интеграција на Македонија“ во Еу.

„Можеби – предупредува Алексиев – но таквото однесување предизвика не мал број војни во минатото и нема гаранција дека тоа нема да се повтори.

За „фалсификување“ на историјата и за „приграбување“ на јазикот како и однесувањето на сегашните политичари во Макдонија, Алексиев во поширокиот напис ги обвинува и српската окупација на Македонија, и Коминтерната и комунизмот с’е до Слободан Милошевиќ, кој во обид „да ја задржи со сила, Макдонија беше целосно србизирана“.

И на крајот заклучува:  

„Привидните националисти во Скопје треба да разберат, порано или подоцна, особено откако брзорастечкото албанско малцинство станува непомирливо дека без поддршката на многу поголемиот Бугарија, Македонија нема иднина, независно од тоа дали е член на ЕУ или не“.

SHARE

Оставете коментар