Алсат: МНР молчи за финансиските недоследности

ТВ Алсат се уште очекува одговор од МНР околу недоследностите нотирани во извештајот на Државната ревизија за 2017 година, односно  зошто 355 илјади евра одобрени за една намена, биле потрошени за сосема нешто друго.

Ревизијата открива дека во 2017 година една третина од ДПК-ата биле без амбасадор или од 57, 21 функционираат така. Дополнително бил ангажиран локален персонал за работа кој добивал плата во кеш и за ова се потрошени речиси 940 илјади евра од девизната благајна.

„Останува неодговорено и зошто амбасадите кои не ги потрошиле парите за тековната 2017- та не ги вратиле во Буџетот како што наложува законот“, пишува Алсат М.