Шефхет Халачи, еден од осудените во кумановските настани на 19 јуни од затворската ќелија преку мобилен телефон комуницирал со поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи.

Обвинителката Фетаи на денешното рочиште за случајот „Монструм“ ги предаде материјалите добиени од Халачи на Судот, а се во врска со телефонски разговори околу петкратното убиство кај Смилковско езеро. Халачи ѝ рече на Фетаи дека истото досие го испратил и до Ел Чека, пренесе Алсат М.

SHARE