Амбасадата на САД за пресудата за судијата Панчевски: Позитивен чекор напред!

Американската амбасада во Македонија ја поздрави пресудата за поранешпниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски, кому Основниот суд во Велес му досуди 3,5 години затвор.

„Објавата од Основниот суд во Велес дека поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски, е осуден на 3,5 години затвор за злоупотреба на АКМИС е позитивен чекор напред во барањето одговорност за обвинетите за поткопување на судската независност“, се вели во соопштението на Амбасадата на САД во Скопје.

SHARE