„Најважно е тоа што има свадба, а во исто време не ги прекршивме законите во земјава. Свадбата беше планирана долго но поради рестрикциите неколку пати беше одложувана. Мораме да ги почитуваме препораките на власта. Во никој случај не сакаме да биде загрозено нечие здравје.“ – изјави вчера Амди Бајрам пред сведбената веселба на неговата внука Перихан во Истанбул, за „Фокус“.

Тој потврди дека свадбената веселба се одржала на брод во Истанбул на која присуствувле 600 гости од кои 370 биле од Македонија. 

Во моментов не е се забранува патување во Турција ниту пак е потребно обезбедување на било каков здравствен документ како потврда дека неговото семејство и гостите на свадбата се негативни на коровнавирусот.


SHARE