Светски медиуми пренесуваат декеска Американците во август ќе ја добијат првата “Стрејт парада“ на хетеросексуалци откако група активисти од Бостон успешно се избори за одржување на тој настан.

Преведено, на тој настан ќе се слави хетеросексуалноста, љубовта кон спротивниот пол, како контра на парадите на гордоста што ги организираат лезбејско-геј-трансексуалните и бисексуалните организавии – движење кое под боите на виноќжитото стануваат повеќе од напорни.

Организаторот на настанот, Марк Сахади на Фејсбук најави дека по поднесувањето жалби поради дискриминација, градот Бостон „сфатил дека ќе загуби парници“ и дал дозвола за одржување на парадата. Парадата е планирана за 31 август оваа година.

Организаторите на “Стрејт парадата“ го одбрале Бред Пит за своја маскота.

„Парада на гордоста“ предвидено е да се одржи и во Скопје на 29 јуни, а вчера Хелсиншкиот комитет го повика премиерот Зоран Заев да покаже храброст и визионерство и да ја предводи Парадата во Скопје.

Битолчани, по објавувањето на веста за „Парада на гордоста“ во Скопје се самоорганизираат , ден потоа, на 30 јуни (недела) 2019 да организираат вистинска, како што велат,  парада на која мајки со деца ќе продефилираат на Широк сокак.

SHARE