Сопственици на огнено оружје и активисти кои се спротивставуваат на регулирање на правото на поседување и носење оружје, вклучително и полуавтоматски пушки, кои се посоодветни за воена или анти-терористичка акција отколку за цивилна употреба, протестираа во Ричмонд, во американската сојузна држава Вирџинија, пренесе Индекс.хр.

Во Америка, тие се познати како бранители на Вториот амандман од американскиот устав, со кој се гарантира правото на носење оружје.

„Ако ги немате своите права од Вториот амандман, што е следно?“, вели еден од демонстрантите.

Протестот беше организиран за да се запре усвојувањето на предложените закони со кои ќе се зајакне контролата на продажба и поседување огнено оружје во оваа јужна држава, во која демократите предводени од гувернерот Ралф Нортам дојдоа на власт минатата година.

Десничарите, сепак, дојдоа да дадат поддршка од целата земја.

SHARE