Американците остануваат во „Бондстил“

Во соопштение за медиумите испратено од страна на Американската амбасада во Косово, се вели дека САД ја поддржуваат мисијата КФОР и присуството на американски војници во кампот Бондстил воп Косово.

Со тоа се демантирани гласините дека САД се заканиле дека ако Косово не ги укине зголемените царини кон Србија, ќе се повлечат од базата, пишува Газета Експрес.

Во Косово престојуваа двајца претставници на администрацијата на Доналд Трамп кои разговараа со премиерот Рамуш Харадинај и претседателот Тачи, за продолжување на дијалогот во Брисел и зацарините.

Во разговорите, наводно, тие предупредиле на можноста за повлекување од Бондстил ако Приштина и понатаму е „непослушна“ кон Америка.

Но во соопштението на американската амбасада се вели дека „политиката на САД се уште го поддржува КФОР и присуството на американски трупи во кампот Бондстил, што обезбедува безбедност и слобода на движење во Косово.

Како и насекаде во светот, ова и другите распоредувања на САД се предмет на редовна контрола” се вели во соопштението“.


SHARE