Дури 56 отсто Американци не ја одобруваат „политиката“ на претседателот Доналд Трамп кон Иран, додека 43 отсто изјавиле дека одобруваат како тој се справува со ситуацијата, покажува анкета на „Еј-би-си њус“-Ипсос.

Анкетата била спроведена на 10 и 11 јануари, само два дена по откако Иран нападна американски бази како одговор за убиството на ирачкиот генерел Касем Сулејмани.

Трамп, оправдувајќи ја ливидацијата на Сулејмани рече дека со тоа биле спасени животите на илјадници Американци.

Но по иранскиот напад врз 2 бази, мнозинство од анкетираните,односно 52 отсто, одговориле дека се чувствуваат помалку безбедно.

Дваесет и пет отсто изјавиле дека се чувствуваат побезбедно, додека 22 отсто изјавиле дека состојбата не се променила.

Според анкетата, 32 отсто од испитаните Американци изјавиле дека се вознемирени од можноста САД да бидат втурнати во сеопшта војна со Иран, а 41 отсто се донекаде загрижени за таква војна.

SHARE